ЕУ официјално ја исфрли вакцината „Спутник В“, прогласувајќи ја за непожелна
Европската унија официјално ја исфрли вакцината „Спутник В“ , прогласувајќи ја за непожелна. Сепак, далеку од очите на јавноста, Брисел ќе се сврти кон употреба на руската вакцина бидејќи мора да спроведе имунизација на 450 милиони граѓани во ЕУ и да го врати животот во нормален тек.
Официјален претставник на ЕУ, кој учествува во преговорите за набавка на вакцини со фармацевтски компании, рече дека владите на земјите-членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на „Спутник В“ врз основа на барањето на четири земји-членки.
Станува збор за Унгарија и Словачка, кои веќе набавиле руски вакцини, Чешка, која изрази интерес, а европските власти потврдија дека и Италија планира да започне со производство на Спутник во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.
Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно поради недостатоците во производствениот процес.
Доколку „Спутник В“ се одобри и во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е под трговски санкции од Брисел поради припојувањето на Крим и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина, според Ројтерс.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели