ЕУ одобри договор со Фајзер и БиоНТех за вакцина против Ковид-19
– Европската Комисија одобри четврт договор за набавка на вакцини против Ковид-19, овој пат со фармацевтските компании БиоНТех и Фајзер за начелни 200 милиони дози, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова денеска го потврди портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер.
Покрај начелните 200 милиони дози вакцини, побарани се дополнителни сто милиони откако ќе биде утврдено дека вакцината е ефикасна и безбедна, соопштија од Европската комисија.
Комисијата се обидува да “изгради разновидно портфолио“ на вакцини преку договори со главни фармацевтски компании за да може да ги распредели што е можно побрзо штом вакцините бидат одобрени и проверени. До сега се склучени договори со АстраЗенека, Санофи ГСК и Јансен, а во тек се преговори со КјурВак и Модерна.
-Штом бидат авторизирани тие брзо ќе бидат распределени и ќе не приближат до трајно решение за пандемијата, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
