ЕУ не се откажува од прва меѓувладина конференција со Македонија до јули
Португалија како претседавач со Европската Унија и Европската Комисија и натаму се надеваат дека до крајот на португалското претседателство ќе може да се одржи меѓувладината конференција со Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Ана Паула Закариаш, државната секретарка за европски прашања на Португалија, објасни дека денеска за време на Советот за општи работи министрите имале дискусија за Македонија и Албанија како и општо за проширувањето.
-Би рекла дека сите земји членки сакаат да видат придвижување тука, претседателството разговараше со земјите кандидати и со земјите членки и со поддршка на еврокомесарот Оливер Вархеји разговаравме со бугарските власти, изјави Закариаш на прес – конференцијата.
Таа додаде дека во овој момент Бугарија се наоѓа во постизборен период, но дека дебатата за Македонија продолжува за да се дојде до резултат.
-А тоа е за време на нашето претседателство да ги започнеме меѓувладините конференции со Македонија и Албанија, рече португалската државна секретарка.
Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, додаде дека за во оваа институција се прави сѐ што е можно за до крајот на португалското претседателство, на 30 јуни, да се усвои преговарачката рамка за Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција.
-За Европската Комисија сите услови се исполнети од страна на Македонија и треба да работиме заедно за усвојување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција, изјави Шефчович.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто