ЕУ на земјава и донира уште осум респиратори
Националниот координатор на странска помош во земјава и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, заедно со евроамбасадорот Самоел Жбогар и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја презентираат донацијата од Европската Унија од уште осум уреди за механичка вентилација (респиратори) и различни единици на лична заштитна опрема, како поддршка за земјава во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.
Европската Унија за земјава вети поддршка од четири милиони евра за набавка на итни медицински материјали за заштита и лечење на КОВИД-19. За нешто повеќе од еден месец, ЕУ во соработка со UNOPS – Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и во координација со Секретаријатот за европски прашања веќе достави 12 уреди за механичка вентилација и околу еден милион единици на различна медицинска опрема и единици за лична заштита за медицинските работници.
Од Делегацијата на ЕУ најавуваат дека до крајот на месецов ќе ги испорачаат сите преостанати првично планирани производи и покрај ограничената расположливост и високата побарувачка за специјализирана медицинска опрема и материјали за лична заштита.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице