ЕУ ќе издвои 120 милиони евра од 2018 година за бесплaтен безжичен интернет

ЕУ ќе издвои 120 милиони евра од 2018 година за бесплaтен безжичен интернет, односно за инсталирање илјадници бесплатни безжични терминали низ цела Европа, на јавни места како што се паркови, болници и библиотеки, јавува дописникот на МИА.
Европскиот парламент денеска во Стразбур, даде зелено светло за програмата, која пред една година ја објави претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер во својот говор за "Состојбата на Унијата", има за цел да дистрибуира во 6000 до 8000 градови и села, од сите земји-членки, "ваучери" од 20000 евра, со кои ќе се дозволи да се извршат потребните технички зафати за инсталирање безжични терминали.
Идејата е да се поедностават колку што е можно процедурите за да оваа услуга биде достапна дури и до малите села, кои не ги знаат сложените европски формалности.
За да ги побараат тие ваучери, претставниците на локалните власти ќе можат да се поврзат на посебна веб-страница, каде што исто така ќе најдат листа на компании овластени за извршување на инсталационите работи. Компаниите, кога ќе го добијат ваучерот потоа ќе се обратат до европските органи за наплата.
Локалните заедници кои сакаат да имаат корист од мрежата, мора во замена, да го финансираат најмалку три години одржувањето на терминалите и трошоците за претплата на операторите кои ќе обезбедат интернет.
Ваучерите ќе бидат дистрибуирани до општините на база на „прв пристигнат“, но Комисијата обезбеди механизам за обезбедување правична географска распределба на услугите во сите земји-членки на ЕУ.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
