-->
-->
ЕУ ќе и даде на Србија 3,2 милиони евра за прифаќање на мигрантите
-->
Европската унија во следните шест месеци до една година ќе и помогне на Србија околу прифаќањето на мигрантите, за што ќе одвои 3,2 милиони евра, изјави денеска заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт.
- ЕУ уште денеска во Брисел го направи првиот чекор, издвојувајќи 150.000 евра за набавка на храна и хигиенски средства во прифатниот центар, во кој можат да се сместат околу 70.000 мигранти кои се очекуваат да пристигнат во следните три месеци, истакна Бенедикт по посетата на Прифатниот центар за мигранти во Прешево.
Според него, ЕУ заедно со Меѓународната организација за мигранти и УНХЦР подготвуваат и проект вреден осум милиони евра, кој ќе биде наменет за Србија и Македонија во врска со мигрантите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата