ЕУ и се закани на мрежата ТикТок со санкции за „содржините опасни по живот“
Претставници на Европската унија вчера и се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции затоа што дозволува ширење на штетна содржина.
Европската комисија го предупреди извршниот директор на ТикТок, ,Шо Зи Че, дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции.
-Неприфатливо е зад навидум забавните и безопасни можности, корисниците за само неколку секунди да можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина, изјави еврокомесарот Тиери Бретон по разговорот со Че.
Тој додаде дека е загрижен и поради тврдењата дека се шпионираат новинари и дека личните податоци се испраќаат надвор од Европа.
TикТок се соочи со голем број проблеми за време на неговиот брз раст на ривалските социјални платформи во сопственост на Мета и ЈуТјуб, главно поврзани со безбедноста и благосостојбата на неговите многубројни малолетни корисници.
Онлајн платформата ТикТок, во сопственост на кинеската компанија „Бајтданс“ (Bytedance), долго време беше критикувана за слаба заштита на податоците на своите млади корисници. Исто така, постојат стравувања дека кинеската држава би можела да има пристап до податоците на ТикТок, што платформата го негира.
-Нема да се двоумиме да ги воведеме сите можни санкции доколку контролите не покажат целосна усогласеност, додаде Бретон, потсетувајќи на Законот за европски дигитални услуги, според кој големите платформи од 1 септеври годинава ќе бидат одговорни за кршење на правилата.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска