ЕУ и Кина разгледуваат рамноправно партнерство
Еднакво партнерство е една од темите во фокусот на видео-конференцијата ЕУ-Кина што ќе се одржи денеска. Меѓу главните теми ќе бидат се и преговорите за инвестициски договор меѓу Европската унија и Кина, што ќе го олесни пристапот на европските компании до кинескиот пазар.
Виртуелната средба ќе се одржи во момент на комплицирани односи меѓу двете држави од почетокот на пандемијата. Покрај ненавременото предупредување за ширење на коронавирусот и опасностите поврзани со него, голем број европски лидери и претставници на европските институции ја обвинија Кина за војна со дезинформации поврзана со одговорт на ЕУ на Ковид-19.
Европа исто така се почесто го поставува прашањето за еднаков пристап на европските компании до кинескиот пазар.
Пред околу еден месец, претседателот на групата ЕНП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, повика на забрана на Кина да купува компании во ЕУ што се наоѓаат во тешкотии заради пандемијата.
Минатата недела Европската комисија усвои Бела книга, која ќе опфати случаи на нарушување предизвикано од странски инвестиции на заедничкиот пазар, и верува дека во основа стојат кинески инвестиции.
Ново на Сител
-
Уапсено 40-годишно лице од Куманово, возело со 1,57 промили алкохол во крвта
-
Уапсен кумановец, возел со 2,66 промили алкохол во крвта
-
Принцот Хари ја посети Украина: „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме“
-
Трамп навести истрага против Сорос
-
Уапсен 43-годишен маж од кавадаречко, ја нападнал својата жена со метален предмет
-
Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Приведени две лица од Дебар, предизвикале пожар на отворено
-
Три лица повредени во сообраќајка во Струмица, меѓу кои и малолетник