ЕУ и дава на Турција три милијарди евра за мигрантите
Лидерите на ЕУ се согласија да и обезбедат на Турција помош од близу три милијарди евра според договорот за мигрантите, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од турската приватна телевизија НТВ. Таа ја даде изјавата откако шефовите на држави и влади на ЕУ вчера побараа од Европската комисија веднаш да даде официјален предлог во врска со финансирањето што ќе се обезбеди за Сиријците во Турција и другите земји.
Како што е наведено во декларацијата, меѓу темите за кои се разговарало биле состојбата во Источен Медитеран и односите меѓу Турција и ЕУ. Текстот го поздравува намалувањето на тензиите во источниот дел на Медитеранот.
Декларацијата исто така информира за подготовките за дијалог на високо ниво со Турција за прашања од заеднички интерес, како што се миграцијата, здравството, климата, борбата против тероризмот, регионалните прашања. Од ЕК се бара веднаш да даде формален предлог за продолжување на финансирањето на сириските бегалци во земји како што се Турција, Јордан и Либан.
Ново на Сител
-

Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-

Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
