ЕУ и Азербејџан го засилуваат дијалогот за испораката на гас
ЕУ и Азербејџан го засилуваат дијалогот за да ги зголемат испораките на гас за Унијата, изјави денеска еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон по разговорите во Баку со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
„Билатерална средба со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Зајакнување на дијалогот за зголемување на снабдувањето со гас и соработката во областа на обновливите извори на енергија и транзицијата кон чиста енергија“, напиша таа на Твитер.
Според неа, разговорите во Баку биле „добра можност да се разговара за партнерството на земјите и начините за напредок во енергетскиот сектор. Исто така, би сакала да му се заблагодарам на Азербејџан за неговите напори да ги зголеми испораките на гас за ЕУ преку Јужниот гасен коридор. Азербејџан направи чекор напред, потврдувајќи ја својата сигурност и одличното партнерство“, додаде таа.
Кадри Симсон беше во две последователни посети на Азербејџан и на САД за да разговара за дополнителните испораки на гас за ЕУ. Минатата недела Европската комисија соопшти дека ги засилила напорите за проширување на испораките на течен природен гас со земјите партнери поради страв од прекин на руските испораки во Европа. ЕУ стравува дека оваа опција е можна со евентуално воведување нови санкции против Русија, кои Брисел ги подготвува во случај на војна во Украина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
