ЕУ и ОН апелираат на прекин на судирите во Судан
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги повика спротивставените страни во Судан да го прекинат насилството.
Тој додаде дека персоналот на Европска Унија во Судан е безбеден.
Специјалниот претставник на Обединетите нации во Судан, Волкер Пертес изјави дека најостро го осудува насилството.
- Контактирав со двете спротивставени страни, барајќи од нив веднаш да ги прекинат борбите за да се осигури безбедноста на суданскиот народ и да се поштеди земјата од понатамошно насилство, наведе Пертес.
Суданските паравоени паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) соопштија дека презеле контрола врз претседателската палата, резиденцијата на генералот Абдел Фатах ал Бурхан, како и врз меѓународниот аеродром во Картум и врз аеродромите во Мерове и во Ел Обејд.
Додека суданската армија негира дека е заземен аеродромот во Картум и соопшти дека презема мерки против РСФ.
Дел од западните медиуми објавија дека при експлозија на аеродромот во Картум загинале најмалку две лица.
Се појавија и телевизиски снимки на кои воен авион надлетува над Картум, но сè уште не е потврдена автентичноста на снимката.
Судирите помеѓу РСФ и суданската армија, покрај Картум и Мерове се проширија и во главниот град на сојузната држава Северен Дарфур, Ел Фашер. Очевидци тврдат дека судири има и во околните градови. Локалните лекари тврдат дека има цивилни жртви
Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.
РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но според армијата повторното воведување на цивилна власт треба да се случи за две години.
Ново на Сител
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
