ЕУ: Хан сака што побрзо да ги види политичките лидери од Македонија

Маја Коцијанчиќ, портпаролката на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, истaкна за МИА дека комесарот сака да ги види четирите политички лидери од Македонија и тие да бидат на расpолагање во секој момент кога ќе ги повика, со цел решавање на политичката криза во земјата која доживува постојани пресврти во изминатиот период.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Коцијанчиќ потврди дека официјален Брисел е загрижен за влошувањето на состојбата во Македонија и дека Хан е во постојан контакт со македонските политички лидери со цел „тие да му се вратат на договорот од Пржино и реформските приоритети“.
- Комесарот Хан е подготвен да се види лидерите во кус рок. Тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатланскиот пат, истакна Коцијанчиќ за МИА.
Во исто време, на информацијата дека тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан веќе ги повикале Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на заедничка средба со комесарот Хан овој петок во Виена, од дел од партиите чии лидери треба да присуствуваат на овој состанок потврдија дека добиле „најави“, но не и официјална покана за ваква средба.
Од кабинетот на еврокомесарот за преговори за проширување велат дека „не може да ја потврдат оваа средба“.
- Се уште не е утврдено кога и каде точно овој состанок може да се случи. Но, комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, со Европскиот парламент, како и клучните партнери како што се САД, за начините за решавање на кризата, и да се осигура дека лидерите продолжи со спроведувањето на договорот Пржино и реформски приоритети, велат од кабинетот на Хан.
Ново на Сител
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
-

Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни
-

Мицкоски јавно повика сите што имаат докази за злоупотреби да ги достават
-

Герасимовски: Слободарско Скопје бие во срцата на центарци, со базарот „Симит и погача“ донираме каде е најпотребно
-

Германија воведува промени во воената служба
-

Зеленски: Русија планира да покрене голема агресија врз Европа во 2029 или 2030 година
-

Одложено рочиштето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери
