ЕУ: Го следиме внимателно изборниот процес во Косово
Европската унија порача денеска дека ги следи мошне внимателно подготовките за вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат утре во Косово и очекува почитување на демократските стандарди и во текот на самиот процес на гласање, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во заедничката изјава на шефот на канцеларијата на ЕУ, Томаш Суниог и на шефовите на мисиите на земјите членки на Унијата во Косово, се нагласува „значењето на транспарентноста и веродостојноста“ на изборниот процес.
Претставниците на ЕУ ги повикуваат косовките институции „да постапуваат согласно европските стандарди, без политички притисоци и со почитување на одлуките на Централната изборна комисија и на судовите“.
– Ние, дипломатите од Канцеларијата на ЕУ и претставништвата на земјите членки на ЕУ, заедно со другите меѓународни колеги, ќе го следиме одблизу изборниот процес и на денот на иборите со посета на гласачките места, се вели во соопштението, во кое се изразува поддршка на набљудувачите од граѓанските организации.
Официјален Брисел изрази уверување дека набргу по завршувањето на изборите ќе се формира новата влада и ќе биде избран новиот претседател на државата.
– Веруваме дека новиот претседател ќе биде бргу избран од новото Собрание и дека новата влада ќе биде изгласана навреме за да ги промовира реформите и натамошниот развој, да се нафати со борбата против корупцијата, да го зајакне владеењето на правото и да ја унапреди европската иднина на Косово, вклучително продолжувањето на дијалогот со посредство на ЕУ меѓу Белград и Приштина, се вели во заедничкто соопштение на претставниците на ЕУ.
Во Косово утре се одржуваат осмите по ред парламентарни избори од осамостојувањето на земјата по војната со Србија во 1999 година. Првиот косовски независен повеќепартиски законодавен дом се формира по изборите одржани во ноември 2001 година. Овие вонредни избори беа распишани откако пред три месеци Уставниот суд на Косово го оспори легитимитетот на досегашната Влада предводена од Авдулах Хоти.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.