ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.
Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот, напиша Мишел во твит. „Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја“, додаде тој.
Медиумите во источна Азија денеска објавија дека вооружените сили на Северна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан. Лансирањето на ракетата го осудија и САД.
Ново на Сител
-
Што се случи со ревидирањето на позитивната листа на лекови?
-
Потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР за зајакнување на електропреносната мрежа
-
Владата ќе бара дел од парите за изградба на пругата кон Бугарија да се пренаменат за брза пруга на Коридорот 10
-
Дуално образование и во високо-образовните установи?
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ја одржува 11-та седница
-
ЦУК: 30 пожари на отворено - 10 активни, 1 под контрола, 20 изгасени
-
Дуално образование и во високо образовните установи?