ЕУ ги предупреди членките за ризик од недостиг на опрема за вакцинација против Ковид-19
Европската унија ги предупреди државите членки за ризик од недостиг на шприцови, марамчиња и заштитна опрема што е потребна за потенцијална масовна вакцинација против Ковид-19 и ги повика да размислат за организирање заедничка набавка, се вели во документ на ЕУ.
Европскиот блок исто така побара од владите на ЕУ заеднички да размислат за купување повеќе вакцини против грип и зголемување на бројот на вакцинирани лица со цел да се намали ризикот од истовремена појава на грип и Ковид-19 наесен.
Шприцовите и другите предмети може да недостигаат бидејќи се развиваат вакцини за „Ковид-19“, им порача Европската комисија на здравствените експерти од европските земји на состанокот минатата недела, се вели во резимето на извештајот објавено на веб-страницата.
Може да има недостиг, предупреди ЕК, прашувајќи ги владите колку имаат резерви на шприцови, марамчиња, алкохол и опрема за лична заштита, како што се маски.
ЕК апелираше до земјите на ЕУ да размислат за организирање заедничка набавка, а претставниците на Италија и Холандија изразија интерес, се додава во документот.
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027