ЕУ ги повика Русија и Иран да помогнат да се спречат идни хемиски напади во Сирија
Европската унија ги повика Русија и Иран да помогнат да се запрат евентуалните во иднина хемиски напади на сириската армија заканувајќи се со нови економски санкции.
- Европската унија ги повикува сите држави, а особено Русија и Иран, да го искористат своето влијание за да се спречи сирискиот режим во иднина да користи хемиско оружје, се вели во соопштение од ЕУ. Тие потсетуваат дека ЕУ воведе санкции за Сирија во 2017 година и во март оваа година и оти се секогаш подготвени за понатамошни мерки.
Советот за безбеност на ОН денеска во 17 часот по средноевропско време ќе има состанок по барање на Русија за нападите во Сирија.
Во нападот биле испукани над 100 ракети, повеќето соборени од сириската ПВО, соопшти рускиот Генералштаб.
САД Франција и Велика Британија ќе поднесат денеска извештај до сојузниците во НАТО во врска со координираните воздушни удари извршени ноќеска врз позиции во Сирија.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат