ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
Европската Унија ги повикува Индија и Пакистан да покажат воздржаност и да преземат итни чекори кон деескалација на состојбата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ал Ануни.
– ЕУ потсетува на потребата од меѓусебно договорено и трајно мировно решение на конфликтот, додаде Ал Ануни.
Тој нагласи дека ЕУ продолжува внимателно да ги следи случувањата во регионот и ја повторува силната осуда на терористичкиот напад во Бајсаран и ужасната загуба на животи што тој ја предизвика.
– Го осудуваме тероризмот во сите негови форми и манифестации. Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата, истакна Ал Ануни, додавајќи дека ваквата пораки ја пренела и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при нејзините неодамнешни разговори со индиските и пакистанските колеги.
Ал Ануни најави и дека најновите случувања меѓу Индија и Пакистан ќе бидат тема и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што денеска и утре се одржува во Варшава.
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ