ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на епидемиолошки безбедни земји
ЕУ денеска ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија и го намали списокот на 12 држави.
Листата, која е составена врз основа на епидемиолошки критериуми, се ревидира секоја втора недела.
Тоа е список на земји за кои „треба да се укинат“ ограничувањата за патување преку надворешните граници на ЕУ.
Таа препорака не е задолжителна, туку секоја земја-членка сама одлучува кои патници ќе ги пушти на своја територија.
Патувањата во Европа, кои не се неопходни, се забранети на 17 март поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус.
ЕУ настојува да се координира поради слободата на движење внатре во Шенген просторот.
Во Србија и Црна Гора последните денови дојде до загрижувачко зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.
На листата не се наоѓаат САД, Бразил, Русија и Индија, кои се најтешко погодени земји во светот од Ковид-19. На списокот на ЕУ се останати 12 земји: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина, исто така, се наоѓа на листата, но врз основа на реципроцитет.
Ново на Сител
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици