ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на епидемиолошки безбедни земји
ЕУ денеска ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија и го намали списокот на 12 држави.
Листата, која е составена врз основа на епидемиолошки критериуми, се ревидира секоја втора недела.
Тоа е список на земји за кои „треба да се укинат“ ограничувањата за патување преку надворешните граници на ЕУ.
Таа препорака не е задолжителна, туку секоја земја-членка сама одлучува кои патници ќе ги пушти на своја територија.
Патувањата во Европа, кои не се неопходни, се забранети на 17 март поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус.
ЕУ настојува да се координира поради слободата на движење внатре во Шенген просторот.
Во Србија и Црна Гора последните денови дојде до загрижувачко зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.
На листата не се наоѓаат САД, Бразил, Русија и Индија, кои се најтешко погодени земји во светот од Ковид-19. На списокот на ЕУ се останати 12 земји: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. Кина, исто така, се наоѓа на листата, но врз основа на реципроцитет.
Ново на Сител
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“
-
Мерц најави помош од 29 милиони евра за Појасот Газа
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата