ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах

Европската унија ги осуди последните израелски воздушни напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето постигнато со либанското шиитско движење Хезболах пред една година.
– ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите дејства што ги прекршуваат резолуциите на ОН и договорот за прекин на огнот постигнат во ноември 2024 година, изјави денеска портпарол на ЕУ за надворешна политика.
– Во исто време, ги повикуваме либанската страна, особено Хезболах, да се воздржат од какви било дејства или реакции што би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата. Сите страни треба да работат на зачувување на примирјето и на досегашниот напредок, додаде портпаролот.
Израел пред два дена изврши воздушни напади во Јужен Либан, тврдејќи дека целите биле позиции на проиранското движење Хезболах. Израел ја обвини групата дека продолжува со обиди за обновување на терористичката инфраструктура во регионот.
Либанската армија соопшти дека израелските напади во јужниот дел на земјата имаат за цел да го „спречат завршувањето на процесот на распоредување на нејзините единици“ во регионот, согласно договорот меѓу Израел и Хезболах за прекин на огнот.
Израелските напади беа осудени од претседателот на Либан, Џозеф Аун, како и од Иран, чии власти побараа реакција од меѓународната заедница.
МИА
Ново на Сител
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
