ЕУ е многу загрижена за воениот удар во Судан
– Европската унија изрази голема загриженост за воениот удар во Судан и повика на мирен транзициски процес, јави дописничката на МИА од Брисел.
Според вестите кои пристигаат од Судан, воените сили го ставиле претседателот во домашен притвор и уапсиле неколку членови од владата.
Европската унија реагираше денеска преку портпаролката Набила Масрали задолжена за надворешна политика.
-Европската унија повикува итно да се воспостават повторно сите средства за комуникација за да може да се допре до најранливите, крвопролевањето и насилството мора да се избегнат по секоја цена, со оглед на тоа дека целиот регион се соочува со предизвици, заштитата на Судан е поитна од било кога, изјави Масрали.
Високиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, ги повика сите инволвирани чинители и регионалните партнери да придонесат кон враќање на транзицискиот процес во оваа најсиромашна африканска земја.
Ново на Сител
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка
-
Гевгеличанец при претрес фатен со 26 грама кокаин, ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом пред полицајците
-
ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11
-
Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа
-
Медведев предупредува на понатамошни чекори откако Москва се откажа од мораториумот за ракети со краток и среден дострел
-
Американската администрација обвинета за криење штрајк со глад во затвор за мигранти
-
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи