ЕУ: Членките на СЗО потранспарентно да известуваат за пандемијата
Европската унија формулираше нацрт-предлог за реформите што треба да се спроведат во рамките на Светската здравствена организација, во кој се истакнува дека членките на СЗО треба да покажат поголема транспарентност кога станува збор за начинот на известување за пандемијата.
Документот е составен на 19 октомври, по разговорите на германската Влада и другите членки на ЕУ.
Во документот, ЕУ ја повикува СЗО да донесе мерки што ќе ја зголемат „транспарентноста на националната усогласеност“ со меѓународните здравствени протоколи и ги повикува своите членки брзо да разменуваат информации за пандемијата.
Меѓу многуте предизвици со кои се соочува СЗО, ЕУ ја истакнува недоволната транспарентност и недостиг на предвидливо и одржливо финансирање.
ЕУ исто така повикува на воспоставување поефикасен систем за известување на земјите-членки на Секретаријатот на СЗО, кој ќе се применува конзистентно.
Како што пренесуваат странските агенции, ова се надоврзува на критиките кон Кина и другите земји за ненавремено споделување информации за пандемијата.
Документот исто така ја истакнува поддршката на Унијата на СЗО и централната улога на оваа организација во одговор на глобалните здравствени предизвици.
СЗО и Пекинг не одговорија на барањето за коментар по повод нацрт-предлозите изготвени од членките на ЕУ.
Германската Влада исто така одби да ја коментира содржината на овој документ, бидејќи станува збор за нацрт-предлог, а не за неговата конечна верзија.
Нацрт-предлогот следната недела на видео-конференција ќе го дискутираат министрите за здравство на ЕУ со цел формирање заеднички став пред собранието на СЗО, закажано за средината на ноември
Ново на Сител
-

Сите вработени во МВР ќе добијат повисоки плати за 2.470 денари
-

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци за случајот со Ивана Јовановска
-

Сиљановска - Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила Водно
-

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување
-

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините
-

Јапонија распореди ракетни системи со голем дострел во својата база во југозападниот дел на земјата
-

Сведок потврди дека во дискотеката „Пулс“ при котроли во неколку наврати биле затекнувани малолетници и оти сопственикот не соработувал
-

Министерот Андоновски на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ
