ЕУ бара итен прекин на огнот во Алепо, Москва нуди 48-часовно примирје
Европската унија денеска повика на „итно запирање“ на борбите во северниот сириски град Алепо, со цел да се овозможи медицинска евакуација, пружање хуманитарна помош и да се извршат основни поправки на инфраструктурата, јави ДПА.
- Хуманитраната операција во Алепо не може да биде дел од ниту една воена стратегија, се наведува во писмената изјава на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Таа нагласува дека ЕУ „остро ја осудува“ ескалацијата на насилствата во Алепо, вклучително и „прекумерната и несразмерна употреба на сила од страна на сирискиот режим“.
Могерини во соопштението ги повикува сите страни вклучени во конфликтот да ги прекинат непријателствата и да се укинат сите опсади со цел да се овозможи постојан дотур на хуманитарна помош по копнен пат до сите на кои им е непоходна.
Во меѓу време, претставникот на руската Армија, генерал Игор Конашенков изјави дела Русија е подготвена да прифати прогласување на 48-часовно примирје во Алепо во текот на следната недела, за да се овозможи достава на неопходната хуманитрана помош.
Според Конашенков, оваа мерка би претставувала „пилот проект“ за разгледување на можноста за прогласување прекини на огнот во реонот на Алепо и во иднина.
- Руските сили исто така се подготвени и да им пружат заштита на конвоите на ОН при пристигувањето до градот, рече Конашенков.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваме да се реализираат големи инвестиции
-
Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило
-
Криминалец осуден на 13 години затвор фатен и приведен по претходно бегство од затвор
-
Мајкрософт: Русија, Кина и Иран се во брак со кибер-криминалците за да им наштетат на САД и сојзниците
-
Земјотрес регистриран во попладневните часови во Македонија
-
Почина Жика, 16-годишниот лав во скопска ЗОО
-
Уапсени четворица криумчари во Грција – наплатиле по околу 8.500 евра по мигрант за да ги пренесат од Турција до Италија
-
Реакција од Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле