„Етнос“: На грчките острови им се заканува „инфаркт“ поради бегалците
Со доаѓањето на пролетта на грчките острови во североисточниот дел на Егејското Море им се заканува инфаркт од нов прилив на бегалци и мигранти, оценува атинскиот весник „Етнос“.
Весникот повикувајќи се на официјални податоци, наведува дека само во последниве четири дена на островите Лезбос, Хиос и Самос биле регистирани 566 новопристигнати беглаци.
Тоа е најголем прилив на бегалци кон Грција од потпишувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на бегалскиот прилив во март минатата година.
- Евентуален поголем прилив со ваков интензитет се заканува да ги доведе островите во состојба на инфаркт, бидејќи во текот на летото е можно бројот на бегалци и мигранти што се наоѓаат на нив двојно да се зголеми во однос на сегашното ниво, пренесува „Етнос“ став на локалните власти, кои стравуваат дека ваквата состојба ќе им ја уништи претстојната туристичка сезона.
Од минатиот четврток, па до вчера, на Хиос пристигнале 341 бегалец, на Лезбос 195, а на Самос - 30. Властите привеле и еден турски државјанин, криумчар на луѓе, кој на островот Панагија пренел 26 мигранти.
Ново на Сител
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот