Етернијан на меѓународен поетски фестивал во Бугарија
Македонскиот поет Јовица Тасевски-Етернијан од денеска до 25 мај ќе учествува на јубилејното 10. издание на Меѓународниот поетски фестивал „Словенска прегратка“ во Варна и Плиска во Бугарија.
Фестивалот го организира Словенската литературна и уметничка академија, а се одржува во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Програмата на 10. Меѓународен поетски фестивал „Словенска прегратка“ опфаќа поетски читања, ликовни изложби, концерти, тркалезна маса, работилници за превод и други содржини.
Претседател на Словенската литературна и уметничка академија е бугарската поетеса Елка Њаголова, координатор за Македонија е поетот и книжевен критичар Бранко Цветкоски, а членови се академик Влада Урошевиќ, Раде Силјан и др.
Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги. Неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави. Го има добиено интернационалното поетско признание „Восхитувачки поет“ што се доделува во Индија за исклучителен придонес во современата поезија.
Книга со избрани песни од Тасевски-Етернијан претходно е објавена во Бугарија во препев на бугарскиот поет Петар Караангов, а во бугарската периодика се објавени повеќе негови песни препеани на бугарски јазик од поетите Роман Кисјов и Николај Шопов.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите