-->
-->
Естонски хакер осуден во САД на седум години затвор за кибер напади
-->
Естонски бизнисмен беше осуден од судот во Њујорк на седум години затвор за улогата во кибер напади, кои засегнале милиони компјутери во над сто држави, јави ТАСС.
Естонскиот државјанин Владимир Чашчин (35), веќе одлежал пет години од пресудата. Според обвинителството, групата во која тој припаѓал, содржела најмалку седум лица. Тие украле околу 14 милиони долари преку кибер напади врз четири милиони компјутери во над сто држави.
Околу 500.000 од тие компјутери биле во САД. Некои од нив припаѓале на НАСА.
Заразени со вируси биле и компјутери на училишни установи, НВО и трговски фирми, како и на физички лица.
Компјутерите биле заразени со софтвер, што ја блокирал антивирусната заштита и ги препраќал корисниците кон други сајтови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом