Естонија претстави четири приоритети за претседавањето со ЕУ
Естонија, во својство на претседавач со Советот на Европска унија во втората половина од годината ќе работи на заживување на економијата на ЕУ, изјави естонскиот премиер Јури Ратас.
- Силната економија се заснова на отворен иновациски економски модел. Целта на Естонија е да придонесе за заживување на економијата на ЕУ и за создавање на современи работни места, посочи Ратас.
Тој додаде и дека Естонија како претседател ќе предложи конкретни современи решенија за поголема заштитеност и безбедност во една отворена Европа.
На денешната седница на естонската Влада е одобрена програмата, која се состои од четири приоритети - отворена Европа со иновативна економија, безбедна и заштитена Европа, дигитална Европа со слободен проток на инофрмации, посветена и одржлива Европа.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење