ЕСМ: ФЕ Осломеј 1 во Кичево е прва сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник
Фотонапонската електрана (ФЕ) на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати e прв пример на енергетска транзиција во Југоисточна Европа во кој електричната енергија ќе се произведува од сонце преку панели поставени врз стар, исцрпен рудник за јаглен.
Фотонапонската електрана во Осломеј, која е пуштена во пробно производство, е прва во низата електрани кои треба целосно да го заменат досегашниот инсталиран капацитет на РЕК Осломеј.
Крајната цел на овој проект е рударско-енергетскиот комбинат кој има инсталирана моќност од 120 мегавати да биде заменет со сончеви електрани со еднаква инсталирана моќност од 120 мегавати.
Европската енергетска заедница го препорачува овој пример во други земји во регионот каде се спроведува енергетска транзиција.
Фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава првите киловати електрична енергија во системот и АД ЕСМ и официјалнио го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце.
Вкупното годишно производство на ФЕ Осломеј 1 ќе изнесува 15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства.
ФЕ Осломеј 1 е во целосна сопственост на АД ЕСМ. Изградбата на електраната чинеше 7 милиони евра, од кои дел беа сопствени средства, а дел се кредитна линија од Европската банка за обнова и развој, кои со поволни услови поддржуваат инвестиции во обновливи извори.
Проектот на транзиција продолжува со фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати која е во фаза на подготовка на документација и со подготвителни работи за почеток на изградбата на две електрани по 50 мегавати со јавно-приватно партнество со компаниите Соларпро-Бугарија и Фортекс-Турција.
АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ)
Ново на Сител
-

Тригодишно девојче тешко повредено откако лифт ненадејно се отворил и затворил
-

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната сопруга, измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта
-

26-годишник од Тетово на сила одзел електричен тротинет од малолетник
-

Македонија и Косово ја продлабочуваат царинската соработка за побрза трговија и посигурни граници
-

Идниот месец ќе има редовно усогласување на пензиите согласно со законот, сè уште траат пресметките
-

Ангелов: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите
-

Мицкоски до Филипче: Се согласувам дека не сме исти и среќен сум поради тоа
-

ЦУК: Сите државни ресурси ангажирани на терен за заштитата на планината Китка
