Ескобар во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Османи
Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Ескобар во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Предвидено е Ескобар и Османи, по средбата во МНР, да имаат и заедничка прес-конференција.
Посетата вчера ја најави и Амбасадата на САД во Скопје, која на својата фејсбук-страница објави дека „Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот“.
Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички случувања во земјава и во регионот, како и за евроинтеграцијата и бугарската блокада на Македонија.
Ескобар неодамна во обраќањето пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика на САД се заложи Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава.
– Најсилната порака што ЕУ сега може да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарска година. Со тоа ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан, рече Ескобар.
Укажа и дека Скопје и Тирана ја завршиле тешката работа што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување, посочувајќи на заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница
-
Отсечени од цивилизацијата - села без патишта
-
Старите автентични куќи оставени на забот на времето