Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
Премиерот се уште не знае дали засилената дипломатска агенда во САД ќе даде резултати во процесот на евроинтеграции. Веднаш по враќањето во Скопје со порака. САД ја менува светската политика а ние се трудиме да запоседнеме терен
Во СДСМ велат дека немаа многу информации за дипломатските активности на премиерот.
Процесот на евроинтеграции е заглавен откако претходната Влада вети уставни измени за кои не успеа да обезбеди соодветно мнозинство. Премиерот уште додека беше во опозиција најави дека решението ќе го бара во одложено дејство, позиција со која барем официјално Брисел не се согласува. Сепак, Мицкоски не се откажува и се надева на подобри услови преку засилени дипломатски активности. Најави дека во петок патува на средба со Ердоган во Истанбул пред да замине во Будимпешта каде идната недела треба да се одржи меѓувладина седница со унгарската Влада.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар