Ескобар: Во БиХ нема да има војна
Габриел Ескобар, заменик помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот изјави дека нема да има нова војна во Босна и Херцеговина.
– Во БиХ нема да има војна и не знам зошто луѓето зборуваат за војна, а треба да зборуваат за економски развој. Кога луѓето ќе излезат на гласање, мислам дека имаат јасни опции меѓу оние кои сакаат да продолжат со етничките поделби од 1990-тите и оние кои сакаат да одат напред, изјави Ескобар за Ал Џезира Балкан.
На прашањето дали САД работат на пакет санкции за функционерите во БиХ, тој одговори дека се уште никој не зборува за санкции.
– Санкции може да бидат насочени против поединци, но сè уште сме во фаза на дијалог, рече Ескобар, предупредувајќи дека ентитетите немаат уставно овластување еднострано да се повлечат од институциите.
Американскиот дипломат понатаму рече дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ја има поддршката од САД се додека е на европскиот пат.
– Нашиот однос со Србија не е ниту добар ниту лош, тој е комплициран. Се надевам дека ова „партнерство во развој“ што го имаме со Србија ќе може да помогне за стабилноста во регионот, рече Ескобар, одговарајќи на прашањето дали Србија е дестабилизирачки фактор во регионот.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син