Македонија
28. February 2023 - 19:59

Ескобар на прашање на Сител: Санкциите не се замена за домашните процеси

Ќе има ли проширување на црната листа за Македонија со нови имиња на корумпирани политичари? На ова прашање на Сител, Ескобар, претпазлив, но со цврста порака дека очекува од македонската влада да напарави многу повеќе за сузбивање на овој проблем, кој е рак рана не само на македонската демократија и економија, туку и пошироко, регионална пандемија.

На крајот на минатата година, американски тим на истражители ја посети Македонија со цел да ги испита случаите на корупција во земјава. Тогаш од американската амбасада беше најавуван поагресивен пристап во борбата против корупција. Иако се најавуваше дека оваа посета ќе резултира со проширување на црната листа со лица од политиката вмешани во коорупциски скандали, но тоа не се случи. Меѓу последните кои САД ги сместија на црната листа се поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, со нивните потесни семејства. Објаснувањето од американската влада беше дека ова е одговор на нивната вмешаност во значителната корупција.