Ескобар: Косово треба да го промени пристапот „земи или остави“
Време е за нов пристап на партнерите во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово, изјави заменикот-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, со оценка дека по новиот неуспех на разговорите меѓу Белград и Приштина, пристапот треба да го менува страната која постапува по принципот – земи или остави.
– Конкретно мислам на Владата на Косово. Јасно им е кои се нивните обврски. И мислам дека изјавата на (шефот на европската дипломатија Жозеп) Борел беше многу јасна.
Ние продолжуваме да ја охрабруваме Србија да биде конструктивна и трпелива. Продолжуваме да бараме од неа да не прави ништо што придонесува за дестабилизација на Косово.
Мора да продолжиме да работиме на дијалог. Нема друга алтернатива за регионот освен европската интеграција, истакна Ескобар во интервју за Гласот на Америка.
Тој додаде дека не прифаќа критики на сметка на посредникот во разговорите, дипломатот Мирослав Лајчак. – Лајчак ја ужива целосната доверба на Европската Унија и САД.
По пропаѓањето на разговорите, 27 земји членки на Европската Унија јавно му изразија поддршка на Лајчак. Значи, тоа е нешто со што тој (Курти) ќе мора да се справи.
Лајчак и дијалог нема да исчезнат. Земја од милион и пол жители нема да ја убеди трансатлантската заедница со 700.000.000 луѓе да ја смени тактиката, рече Ескобар – додавајќи дека е потребен попрагматичен пристап на Владата на Косово. – Морам да додадам уште нешто.
Во текот на минатата недела ме вознемири информацијата дека Лајчак е цел на напади на социјалните мрежи во Косово. Ги замолив претседателката (Вјоса) Османи и премиерот Курти да ги осудат.
Не велам дека доаѓаат од редовите на Владата на Косово, но потребно е јасно да се истакне дека нападите од лична природа врз специјалниот пратеник се неприфатливи, прецизира Ескобар.
Во врска со тоа што Србија повторно не се усогласи со казнената политика на западните сојузници кон Русија – Ескобар посочи дека таа земја не треба да биде, како што рече, странец во европското семејство.
– Ќе кажам дека сметаме дека Србија треба да воведе санкции. Таа нема законска обврска да го прави тоа и очигледно е дека е држава која самостојно ја спроведува својата надворешна политика.
Така, тоа е она што постојано го пренесуваме и ќе го повторам, истакна Ескобар – кој, како што наведе, се уште не разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради згуснатиот распоред.
– Се надевам дека ќе се видиме во текот на неделата, додаде Ескобар.
Ново на Сител
-
Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
-
Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил
-
Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
-
Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
Второто злато на ОИ 2024 за Кина
-
На „Богородица“ и „Табановце“ зголемен интензитет на сообраќај
-
СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица
-
Унгарија го зема најголемиот кредит досега од Кина – Позајмица од милијарда евра