Есенска дератизација против глодари во Ресен
Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Битола денеска спроведува есенска дератизација за уништување глодари во општина Ресен.
Според соопштението на Центарот за јавно здравје, мамци за уништување глувци ќе бидат поставени во подземниот канализациски систем, јавната депонија и прифатниот канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, воспитно образовни институции, здравствени установи.
Активностите на терен, како што е наведено во информацијата, ќе ги вршат двајца санитарни техничари од Центарот за јавно здравје - Битола и по еден работник од локалното комунално претпријатие во Ресен.
- Активностите ќе се изведуваат во канализациските шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување, се наведува во соопштението на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.
Ново на Сител
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари
-
Само 20 до 30% се изградени затворените базени чија градба започна пред 5 години