-->
-->
Ерупција на вулкан во Јапонија го наруши воздушниот сообраќај
-->
Јапонскиот вулкан Шинмое на јужниот остров Кјошу исфрли чад и пепел на илјадници метри височина што предизвика откажување на 65 летови од и до аеродромот во Кагошима.
Се очекува вулканската активност да продолжи.
Вулканот се наоѓа на 985 километри од Токио. Помали ерупции беа регистрирани на почетокот од месецов кога беше ограничен пристап до врвот кој е висок 1.421 метри.
Локалните телевизии емитуваа снимки на кои се гледа чад и пепел кои достигнуваат височина од 3.650 метри, а длабоко во кратерот се гледа лава.
Во Јапонија има 50 активни вулкани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ