Ерупција на вулкан во Јапонија
Вулканот на југозападниот јапонски остров Кучиноерабу денеска се активира, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија, но нема информации за евентуални жртви.
Пирокластични текови, односно брзи текови од мешавина на топли гасови и карпи, кои првпат биле забележани таму од 29 јануари минатата година, достигнале и до 900 метри југозападно од кратерот на планината Шинтаке.
Пепел и чад се издигаат на надморска височина од околу 7.000 метри по ерупцијата, пренесе јапонската агенција Кјодо.
Карпите летале на околу 600 метри од кратерот, а на сила и натаму е предупредување од трето ниво, на скала од пет, што значи забрана за искачување на планината.
Агенцијата предупреди дека вулканот може да исфрли големи камења, како и пирокластични текови во радиус од два километри, додавајќи дека вулканската пепел и малите карпи можат да летаат.
Островот Кучиноерабу, околу 130 километри југозападно од градот Кагошима, опфаќа 36 километри квадратни и имаше сто жители во декември минатата година.
Во мај 2015 година сите жители од островот, 137, беа евакуирани поради експлозивна ерупција на вулканот. Поголем број од нив се вратија во јуни 2016 година, кога беше укината наредбата за евакуација за сите подрачја на островот.
Ново на Сител
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва