Ерупција на вулкан на Филипините
Најактивниот вулкан на Филипините, Мајон утрово еруптираше, исфрлајќи пепел и чад, поради што илјадници локални жители во паника ги напуштија своите домови.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека ерупцијата на Мајон, кој се наоѓа во провинцијата Албај на околу 330 километри јужно од Манила, траела околу пет минути.
– Ерупцијата предизвика сивкасат чад и столб од пепел, кои не беа многу видливи бидејќи вулканскиот кратер е опкружен со облаци. Од кратерот се шири миризба на сулфур, а локалните жители можеа да го слушнат татнежот на вулканската активност, се додава во соопштението.
Институтот уште вчера го покачи нивото на опасност од ерупција на Мајон на втор степен.
Локалната полиција соопшти дека поради ерупцијата над 2.200 жители на местата Гинобатан, Камалиг и Анолинг ги напуштиле своите домови и се префрлени во прифатни центри.
Од 1616 година, па досега, се регистрирани околу 50 ерупции на вулканот Мајон, кој е висок 2.472 метри.
При ерупција на Мајон во 1814 година загинале над 1.200 лица, а во 1993 година – 79. Последната ерупција на вулканот беше во мај 2013 година, кога загинаа пет лица, а седум беа повредени.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип