ЕРТ: Граничниот премин Евзони за влез во Грција дневно го поминуваат околу 25.000 лица
Дневно поминуваат околу 25.000 луѓе и излегуваат околу 15.000, вели за грчката државна телевизија ЕРТ претседателот на полициските службеници од Кукуш (Килкис) Плутархос Елефтериадис за граничниот премин Евзони/Богородица, каде што во одредени денови за влез во Грција се создаваат редици автомобили со туристи, како од нашата земја, така и од државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина.
ЕРТ, во прилогот од граничниот премин коментира дека секојдневно има гужви на Евзони со туристи од Балканот кои ја посетуваат северна Грција, додека пак претседателот на полициските службеници објаснува дека се обидуваат да одговорат на зголемениот проток на возила и посочува дека само во текот на изминатиот викенд околу 50.000 туристи влегле кај јужниот сосед преку конкретниот граничен премин.
Додаде дека оваа година има дополнителен број полициски службеници и се отворени девет шалтери за влез во Грција и шест на излез.
- Позитивно е што оваа година имавме мало зајакнување и ова многу помогна и за да биде одморен полицискиот персонал што работи секојдневно, посочи Елефтериадис.
Според ЕРТ, за време на летната сезона на граничниот премин Евзони ангажирани се полицајци од северна Грција и нивниот број достигнува до 65, а во секоја смена од грчка страна работат 12 до 18 полициски службеници поради зголемениот број туристи.
МИА
Ново на Сител
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната