-->
-->
Еро бара итна средба на ниво на министри на Меѓународната група за поддршка на Сирија
-->
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро повика на итно одржување средба на меѓународната група за поддршка на Сирија поради влошената состојба во таа држава.
Во Женева, Јан Егеланд, шеф на групата на ОН за хуманитарна помош на Сирија предупреди дека ситуацијата во сирискиот град Алепо во изминатите 48 часа е влошена катастрофално. Според него, влошена е и ситуацијата во Хомс.
За една недела бомбардирања во Алепо животот го загубија над 200 луѓе.
Истовремено, и Бирото на ОН за координација на хуманитарна помош соопшти дека од почетокот на годината ОН и нејзини партнери доставиле хуманитарна помош за околу 780.00 Сиријци од кои над 255 илјади живеат во реони под опсада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор