-->
-->
Ерменија втор противник на младите македонски кошаркари
-->
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) денеска го игра вториот натпревар од Европското првенство „Б“ дивизија, а ривал и е селекцијата на Ерменија. Почетокот на натпреварот е во 13:30 часот.
Двете селекции во првото коло остварија победи. Македонија ја совлада Белорусија со 77:72, а Ерменија беше поуспешна од Швајцарија со 71:57. Со евентуален триумф нашите кошаркари ќе имаат шанса да се борат за пласман од 1 – 8 место на шампионатот.
Во вториот натпревар од групата Ц играат Швајцарија – Белорусија.
Табела група А: Финска 2 бода, Австрија 2, Романија 1, Холандија 1.
Табела група Б: Црна Гора 4, Луксембург 3, Португалија 3, Косово 1, Грузија 1.
Табела група Ц: Ерменија 2, Македонија 2, Белорусија 1, Швајцарија 1.
Табела група Д: Шведска 4, Унгарија 3, Словачка 3, Албанија 1, Молдавија 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата