-->
-->
Ериксен: Прашајте го Конте зошто играм малку
-->
Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен проговори зошто добива мала минутажа за „нероазурите“.
-Прашајте го тренерот за тоа. Јавете му се на Конте и разговарајте со него затоа што тој носи одлуки. Во фудбалот секогаш има подеми и падови, само неколку играчи се секогаш на врвот. Станав подобар во тоа што не размислувам за критика, бидејќи секој има свое мислење. Особено сега кога се преселив во Италија, каде секој има свое мислење. Важно е да им верувате на луѓето околу вас и да не ги слушате другите, рече Ериксен.
Данецот нема одиграно цел натпревар за Интер оваа сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга