Ерџелија ќе добие градинка и услуги од матичен лекар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денеска е во општината Свети Николе ги посети населените места Црнилиште, Ерџелија и Мустафино.
Жителите од овие места побараа асфалтирање на улици, чистење на канали и изградба на водоводна и канализациона мрежа.
На жителите од Ерџелија им беше ветено дека ќе се реши проблемот со доаѓањето на лекар од Здравствениот дом од Свети Николе. Во телефонскиот разговор со директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше информиран дека ќе се направи контрола во ова населено место и оти ќе бидат преземени сите мерки бидејќи согласно потпишаниот договор со ФЗОМ матичниот лекар има обврска да ги третира пациентите од тоа место.
- Доколку има склучено договор со ФЗОМ, матичниот лекар има обврска да отвори ординација и да прима пациенти. Ќе направиме контрола и ќе ги преземеме сите мерки бидејќи согласно договорот лекарот има обврска да ги третира пациентите, појасни Стефановски.
Во Ерџелија во јуни следната година се очекува да започне изградбата на детска градинка, што е еднo од барањата на жителите од ова населено место. Градинката, како што информира градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев, ќе биде изградена во рамки на ОУ „Даме Груев“.
Жителите од Црнилиште укажаа и на одредени проблеми при откупот на млеко за што од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков беа информирани дека е во тек изработка на софтверско решение со кое Министерството ќе се поврзе со откупувачите и ќе се има подобар увид за откупените количини.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
