Ердоган: Земјотресите како атомски бомби, бројот на загинати се искачи на 35.418
Бројот на жртвите од земјотресите во Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Вкупно 13.208 повредени сè уште се лекуваат во болница по минатонеделните земјотреси, додаде тој.
Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од под урнатите згради. Според него, околу 250.000 вработени се на терен во зоните на земјотресот.
„Секоја земја ќе се соочи со проблемите со кои ние се соочивме во случај на таква природна катастрофа“, рече Ердоган споредувајќи ги земјотресите со атомска бомба.
Ердоган рече дека урнатите згради ја потсетуваат Владата на потребата од построги градежни прописи. Според него, повеќе од 2,2 милиони луѓе ги напуштиле подрачјата погодени од земјотресите.
Земјотресите од 6 февруари, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, сериозно погодија десет окрузи во јужна и југоисточна Турција, како и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош
-
Полицијата уапси три лица во Скопје, пронајдена марихуана, прашкаста и грутчеста материја
-
27-годишик од скопско загинал кога со возило удрил во столбче на патот па во баднера, која паднала врз возилото