-->
-->
Ердоган: Владата ќе и помогне на економијата
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека неговата Влада ќе обезбеди субвенции за зголемување на вработеноста и поддршка на индустријата да го одржи растот на извозот и производството, во услови кога економијата е погодена од корона-кризата.
Во изјавата дадена по состанокот на владата, Ердоган исто така рече дека државата ќе ги олесни мерките за останување дома за оние над 65 години и под 18 години.
Во Турција денеска, според порталот „Ворлдметерс“, се регистрирани 18 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.729.
Во исто време, бројот на новозаразени денеска се зголеми за 993, на вкупно 172.114 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
