Ердоган: Турција ја очекуваат важни промени
- Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во новогодишното обраќање посочи дека ќе има важни промени во Турција во новата година.
- Треба да бидеме подготвени за нив. Во овој критичен период да не дозволиме да се остварат намерите на сите оние кои се обидуваат да ни се спротивстават. Сега е време да бидеме обединети повеќе од кога и да е, изјави Ердоган.
Според него, локалните избори во 2018 и парламентарните и претседателските во 2019 година се критични периоди.
Тој посочи дека остварил 64 средби во 51 област во Турција каде имал можност да разговара со граѓаните. Освен внатрешните посети, имал и 34 во вкупно 25 земји во светот.
Тој истакна дека во 2017 година се отстранети и последиците од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, како и терористичките напади на ПКК.
- Операциите против терористите беа најважни во историјата на Турција, истакна Ердоган во новогодишното обраќање.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
