Ердоган со лидерот на Хамас во Истанбул: Израел ќе плати за своите злосторства
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по двоиполчасовниот разговор зад затворени врати во Истанбул со лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија, соопшти дека Турција ќе продолжи со дипломатските напори да го привлече вниманието на меѓународната заедница кон угнетувањето на Палестинците и порача дека Израел ќе плати за своите злосторства, соопштено е од канцеларијата на турскиот претседател, пренесе НТВ Хабер.
„Барањата за прекин на огнот во Газа досега не дадоа никакви резултати. Турција продолжува со дипломатските напори и во секоја прилика ќе укаже на потребата за прекин на бруталноста и итен траен прекин на огнот. Израел еден ден ќе ја плати цената за угнетувањето на Палестинците“, рече турскиот претседател.
Тој оцени дека формирањето на независна држава Палестина е клучот за регионалниот мир и воспоставувањето траен мир во регионот. Ердоган ја потврди континуираната помош за Газа и рече дека се спроведени голем број санкции против Израел, вклучително и трговски ограничувања. Тој истакна дека Турција до денес испратила повеќе од 45.000 тони хуманитарна помош во тој регион.
Коментирајќи ги тензиите меѓу Израел и Иран, Ердоган ја истакна важноста од преземање напори повторно да се сврти вниманието на Газа со цел да се спречи, како што наведе, атмосферата на Западот која ги доведува во прашање нападите на Израел да се „распрсне“.
„Најсилниот одговор на Израел и патот до победата е преку единство и интегритет“, рече Ердоган, додавајќи дека Израел го залажува меѓународното јавно мислење и дека на тоа треба постојано да се укажува, како и на „праведноста на палестинската кауза“.
Ердоган му изразил сочувство на Ханије поради смртта на неговите тројца синови и внуци, кои неодамна загинаа во израелски напад.
Ново на Сител
-
Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали врховен судија посредувал за прием и полагање на кандидати за судии и обвинители?
-
Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци
-
Мицкоски и Меџити во одбрана на владиниот легитимитет за првите 30 дена
-
ДУИ не чувствуваат одговорност за измените на Кривичниот законик, ВРЕДИ ги повикаа да признаат дека згрешиле
-
Српски полицајци ќе патролираат во Охрид