Ердоган: Слободата на печатот е важна за силна демократија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е изложен на силна критика заради неговата напаѓачка тактика кон медиумите во земјата, денеска ја потенцираше важноста на слободата на печатот, пренесе ДПА.
„Медиумите треба да се независни“, посочи тој во соопштението по повод Денот на новинарите во Турција.
Тој подвлече дека е важна слободата на новинарите за да има силна демократија.
Ердоган, меѓутоа, предупреди дека слободата на печатот не треба да се меша со неодговорност.
Репортери без граници Турција ја класифицираат на 149-то место од 180 земји според слободата на печатот, потсетува ДПА.
Турските новинари се подложни на нараснат притисок од страна на Ердоган и неговата Влада, забележува германската агенција.
Претседателот Ердоган има поднесено приватни тужби против главниот уредник на весникот „Џумхуриет“, Џан Ѓундар и против неговиот колега Ердем Ѓул. Двајцата новинари се наоѓаат во затвор во очекување на судскиот процес каде ќе им се суди за „шпионажа“ и „откривање државни тајни“ заради објавување информации за сомнителни испораки на оружје од турските тајни служби за исламистите во Сирија.
Во своето денешно соопштение Ердоган се задржа и предупреди на ширењето на „црната пропаганда“ на социјалните медии. Социјалната мрежа Твитер е особено популарна меѓу критичарите на Владата во Турција, забележува
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
