Ердоган: Секој напад врз Турција ќе резултира со висока цена

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека секој напад врз турскиот брод шtо истражува нафта и гас во спорните води na Средоземно Море ќе резултира со висока цена.
– Кажавме дека ако го нападнат „Оруч Реис“ ќе платат висока цена, а тие денеска го добија својот прв одговор, истакна Ердоган синоќа без да изнесе детали.
Турскиот брод „Оруч реис“ во понделеникот со воена придружба полна да истражува нафта и гас во водите помеѓу Крит и Кипар.
Поради тоа францускиот претседател Емануле Макрон најави дека ќе го зголеми военото присуство во регионот и ја повика Анкара да го стопира истражувањето. Француската и грчката армија вчера извримаа воени вежби во близина на Крит.
Поради турските акции Европска Унија веќе воведе санкции за двајца претставниците од турскиот енергетски сектор.
Ердоган вчера телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, при што истакна дека Турција ги брани своите права.
И Турција и Грција потенцираат дека ги штитат своите интереси и ја обвинуваат другата страна за конфликтот.
Советот за надворешни прашања на ЕУ денеска ќе одржи вондреден состанок поради активностите на Турција во Источен Медитеран.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
