Ердоган се закани со отворање на границите кон ЕУ за мигрантите
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.
- Слушнете ме. Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет, изјави Ердоган во обраќање на Конференција за правата на жените што се одржува во Истанбул.
Тој нагласи дека ниту тој, а ниту неговиот народ не се плашат од „празните закани“.
- Нема да има влијание дури и ако сите ја одобрите резолуцијата на Европскиот парламенет, им порача Ердоган на европските партнери, обвинувајќи ја при тоа ЕУ дека продолжува да води антитурска политика.
Тој потенцира дека во моментов Турција се грижи за три до 3,5 милиони сириски бегалци, додека ЕУ не се ни обидува да ги исполни ветувањата кои ги дала со договорот за запирање на мигрантскиот бран кон Европа.
Европарламентот вчера усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција.
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО