Ердоган повика на меѓународен консензус против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочуство по серијата смртоносни напади во Париз и повика на „консензус на меѓународната заедница во борбата против тероризмот“.
- Како земја која многу добро ги знае последиците од тероризмот, ние совршено го сфаќаме страдањето низ кое сега Франција минува, изјави Ердоган во телевизиското обраќање.
Турција, која викендов е домаќин на самитот Г20, се согласи со американската администрација дека нападите во Париз се злосторство против човештвото и вети целосна соработка со Франција и нејзините сојузници во борбата против тероризмот.
„Овие напади не се само против францускиот народ, туку против целото човештво, демократија, слобода и универзални вредности“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, после серијата напади во Франција, каде се убиени најмалку 126 лица.
- Турција ќе се бори против тероризмот со целосна одлучност, вети официјална Анкара.
Лидерите од Г20 ќе се сретнат утре во регионот на Анталија, каде тема на разговорите ќе биде војната во Сирија и глобалната безбедност.
Ново на Сител
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
-

Клиниката “Св. Наум Охридски” доби нова апаратура, а ќе се гради и Ургентен центар
-

Неколку критични точки низ државата по обилните дождови
-

Ваучерите за студенти се со лични податоци и ако се препродадат не може да се искористат, вели Мицкоски
-

Синдикалната кошница намалена за 370 денари во Ноември, но сепак надминува 65.000 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
